Посветени сме на решавање на тешките теми кои што бараат навистина храброст и државност и едниствената алтернатива е земјата да ги реши претходните спорови кои што се пречка за понатамошно унапредување на интегративните процеси, како што имавме храброст да го решиме 20 годишниот спор со грчката страна, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети во изјава за Канал 5.
Тој вели дека е сигурен оти премиерот Зоран Заев го ставил интересот на државата, граѓаните, мирот и стабилноста над своите лични интереси и е уверен дека прашањето со Бугарија, кое го нарекува „сензитивно“ ќе се затвори.
-Ова се сензитивни прашања и што подолго ние доцниме толку повеќе емоции се влеваат во прашањето. Не еднаш сме изјавиле дека ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој значаен процес и сметам дека Бугарија ќе најде сила за да ги надмине овие емотивни ситуации. Затоа што ако на Балканот се внесеме во историјата, ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Затоа од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот од зачленување во Европската унија, затоа што унијата е механизмот кој што ќе ги доближи заедниците и државите“,вели Ахмети.