Богојески: Сложни калуѓери и во петок мрсат

Сложни калуѓери и во петок мрсат!
Без ниту еден глас против, ниту воздржан, без ниту еден амандман во Собранието на РМ, донесена е одлука до крајот на годината партиите да си поделат 4 милиони евра државни пари. Пари од граѓаните.

Во време кога државата се соочува со пандемија предизвикана од Ковид-19, која последователно предизвика и длабока економска криза, на пратениците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, албанските партии и Левица не им е битна ниту пандемијата, ниту кризата, ниту дали и како граѓаните го поминуваат месецот. Напротив, парите од граѓаните си ги префрлаат на сметка на партиите.

Како еднаш народот не разбра дека живееме под ропство на шака “политичари”, кои вие граѓаните ги избирате?!? Крвта со памук ја пијат.

Доста е!
Да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. Да ја ослободиме Македонија!

Треба да знаете
Последни објави