Јапонска вселенска капсула со примероци од астероиди кои треба да дадат податоци за потеклото на Сончевиот систем и животот на Земјата, успешно слета во оддалечен дел од ненаселена внатрешност на Австралија.
Вселенското летало Хајабуса2 денеска лансираше мала капсула од вселената кон Земјата со примероци собрани на површината на далечен астероид.
Припадници на јапонската вселенска агенција без тешкотии ја пронајдоа капсулата околу два часа откако влезе во атмосферата на Земјата и слета во австралиска пустина.