Загребската полиција денес добила дојава за несреќа во центарот на Загреб околу 15.30 часот. Како што се дознава, малото дете е згмечено од лифт во зграда. Детето со повреди на главата и градниот кош е превезено во „КБЦ Ребро“ за да му биде пружано лекарна помош по брзата интервенција на пожарникарите кои детето го извадиле за три минути, потврдиле за Индекс од полицијата.
Во моментов е на респиратор и во животна опасност.
Од полицијата не сакаат да откриваат детали за несреќата бидејќи во неа учествувало дете.
-Пациентот е примен во тешка состојба и се применувааат сите постапки на интензивната медицина со цел стабилизација и спасување на животот, дознава „Дневник.хр“ од болницата „Ребро“.