Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија утрово.
Како што е наведено, земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути, со епицентар на 22 километри северно од Драч (Албанија), според ЕМСЦ.
Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот бил на длабочина од 16 километри.
Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на регионот, големината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можеl да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје.