Костадинов: Апасиев лаже суши, исто како Мицкоски

Фејсбук статус на Коста Костадинов
,,Недела, ден за релаксирање, а јас сосема случајно се релаксирам со разоткривање на лицемерието на Димче Апасиев.
Човекот лаже суши, исто како и неговиот партнер, коалиционен се разбира Христијан Мицкоски.
Имено наместо да доаѓа на работа за што всушност е платен од граѓаните, Димче седи и пишува статуси од дома.
Димче толку се опуштил во народните пари, што не дојде дури ни да си го одбрани неговиот предлог за предлог декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии.
Другар Димче, граѓаните не избрале да ги застапуваме, не избрале да носиме закони кои ќе бидат во функција на подобрување на нивните животи.
За жал ти ги лажеш, не што ги лажеш, ги сушиш дури.
Срам за секој еден кој те гласал, да не дојдеш да си браниш предлог кој ти си го поднел.
Еден е Апасиев на социјални мрежи, сосема друг во Парламент.
Брука!”
Сликата може да содржи: текст кој вели „12:13 sobranie.mk пленарни седници сабота, 05 декември 2020 година седница бр 24 на собрание на P. северна македонија закажана HA 05.12.2020 год. BO 11:00 часот. дневен ред: предлог на одлука за утврдуваье на составот северна македонија; поднесен од скендер кастриот рецепи, арбер адеми) 2 a предлогна закон изменуванье дополнува читанье; 3 предлог на декларација за осуда на бугарски (поднесен од: димитар апасиев, борислав Kpι видео записи: видео запис на 24 седница од 05.12.2020 година“
Треба да знаете
Последни објави