Возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез, победи на трката за Големата награда на Сахир возена вечерва во Бахреин. Тој стана првиот мексикански претставник во последните 50 години кој победил на трка во Формула 1.
Во 1970 година, друг мексиканец, Педро Родригез, победи на Гран при на Белгија. Оттогаш поминаа точно 50 години, пет месеци и 29 дена од неговата победа.
Самиот Перез победи за прв пат во кариерата. За неговиот сегашен тим оваа победа беше прва во Ф1 шампионатот.
-Се надевам дека не сонувам, бидејќи за овој момент мечтаам веќе десет години. Не знам што да кажам. По рвиот круг трката за мене беше готова, но не сакав да се откажам. Оваа сезона немавме среќа, но мислам дека денеска заслужено победивме. Оваа победа ми носи малку повеќе мир. Она што се случува не е во моите раце. Сакам да продолжам, но ако не возам следната сезона, ќе се вратам во 2022-та“, рече Перез по трката, кој сѐ уште нема договoр за следната сезона.