Студија на Европската унија, амбасади во државава само го потврдија она што граѓаните одамна го знаат, дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се извор на лажни вести, дезинформации и манипулации.
Мицкоски глуми загриженост за македонскиот идентитет, а факт дека не се преговара, ниту ќе се преговара за идентитетот и за македонскиот јазик.
ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија.
Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а организира протести на кои, малубројните приврзаници не ги почитуваат мерки за заштита.
Протестите се единствено за спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец во стечај, кој е фабрика за лажни вести, измислици и дезинформации, на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните.
Граѓаните на 15 јули одбраа државата да продолжи напред кон развој и интеграција, а Мицкоски го оставија во опозиција, изолиран во сопствениот очај, во сопствената хистерија