Почина Џеј Рамадановски

Славниот пејач Џеј Рамадановски почина денес во 57. година. Според првичните информации Џеј починал од компликации со срцето, поради што имаше сериозни проблеми.

Џеј во едно неодамнешно интервју изјавил дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека коронавирусот би бил фатален за него.

„Ми недостасува да седам во градина и да гледам убави девојки. Не велам дека ми недостига било каква ‘акција’, но убавината ми е пријатна за очи. Ми недостигаат емисии, одење на телевизија. Најмногу ми се допаѓаа моментите кога снимаме новогодишни специјали.Сите се шегуваме во студиото, пиеме малку, се смееме. Тоа беа убави времиња. Денес луѓето некако се отуѓија. Повеќе ја нема таа еуфорија пред празниците. Сите се повлековме, претпоставувам дека оваа криза придонесе за сето тоа”, рекол тој.

Инаку, Џеј имаше операција на срцевиот залисток во Виена пред три години, а потоа лекарите му рекоа дека мора строго да се грижи за исхраната и здравиот живот.

Роден е во многу броијното семејство на чевлари, Мазлам и работнчка во Градското зеленило на Барија Рамадановски како единствено машко дете. Семејството Рамадановски потекнува од општина Ресен во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави