Шарл Леклер ја прифати вината за инцидентот на трите болиди во првиот круг на Сакир ГП трката во Бахреин, откако неговиот ривал од Ред бул, Макс Ферстапен го обвини дека вози „глупаво и без размислување.
Леклер се обиде да го помине Серхио Перез во Рејсинг поинт во четвртата кривина, но се удри во него, по што неговото Ферари излета надвор од патеката, приморувајќи го Ферстапен да дојде со него. Ферстапен вели дека Перез, кој потоа стигна до славна победа, не е виновен.
George Russel heading to 1st place.
Le Clerc X Perez X Verstappen crash.
Safety car deployed after the collision. #SakhirGP pic.twitter.com/15G8KDYkut
— Danny Prasetya (@dannyprasetya) December 6, 2020
„Валтери се провлече, што беше нормално и затоа престанав да се тркам со него, и потоа морав да преживувам меѓу болиди. Не знам зошто беше толку агресивен и без размислување. Чеко не беше виновен бидејќи не знаеше што се случува на внатрешната страна. Немав каде да одам“, вели Ферстапен.
И минатиот викенд потезите на Леклер беа под критика, откако колегата Себастијан Фетел го обвини за невнимателно возење велејќи дека можеби требало да се удри во него за да го научи лекција.