(Фото) Скопски гулабари

СКОПСКИТЕ ГУЛАБАРИ

Дали знаете дека луѓето започнале со чување и одгледување на гулаби за прв пат уште пред 10.000 години? Ова прастаро занимање и денес е актуелно и активно, а честа на Скопје ја бранат неколку стари и искусни гулабари кои со овој занает се занимаваат со децении.

Рабит Асани – Џери во Топанско Поле веќе две децении одгледува различни видови на гулаби, некои од нив стари и до 20 години. Симо Несторов, или чичко Пајто кај Песталоци беше познат во соседството поради својата љубезност и 50те гулаби кои секој ден ги вадеше од нивното живеалиште. А Дуле Атанасов од Кисела Вода може да се пофали дека одгледува најразлични видови на гулаби, меѓутоа негова омилена сорта се поштарите кои толку добро го знаат патот до дома, што кога ќе ги пушти во Србија, тие сами го наоѓаат патот назад до Кисела Вода.

Иако во минатото во Скопје имаше многу повеќе гулаби од денес, гулабарството полека станува професија која е реткост. Меѓутоа, искусните гулабари знаат дека без разлика на тоа, голубарството во себе има вредност. Доколку правилно се одгледа, цената на еден гулаб може да достигне и до 2000 евра, а во моментот светскиот рекорд го држи белгиски гулаб за трки, продаден за сума од 1,9 милиони долари.

Превземено од официјална страница на Град Скопје

Треба да знаете
Последни објави