Поради постоење основи на сомнение за сторени десет кривични дела „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Б.(50) од Штип.
Тој, кривичните дела ги сторил во периодот од 30.05. до 27.11.2020 во седум цркви на подрачјето на општина Дебарца и три на подрачјето на Охрид, во кои влегувал користејќи подесен алат и физичка сила и одземал пари.