Никој освен премиерот не треба да го соопшти ставот на Полска за нејзиното вето за буџетот на Европската унија, изјави денеска шефот на канцеларијата на полскиот претседател Кшиштоф Шчерски во интервју за полската државна новинска агенција ПАП.
Полска и Унгарија го блокираат буџетот на ЕУ од 1,8 милијарди евра и фондот за обнова 2021-2027 година, поради предлогот за поврзување на средствата со почитување на владеењето на правото.
Вицепремиерот Јарослав Говин во четвртокот изјави дека Полска ќе биде подготвена да се откаже од ветото ако лидерите на ЕУ усвојат образложение за врската меѓу фондовите на ЕУ и владеењето на правото, но следниот ден, премиерот Матеуш Моравјецки изјави дека ставот на земјата не е променет.
– Во ситуација на напнати преговори во каква сме денес, изјавите за преговорите мора да доаѓаат од еден извор. Тој извор е премиерот Матеуш Моравјецки, рече Шчерски.
– Не треба да постои ниту еден друг предлог даден од некој друг, истакна тој.