Полицијата попладнево го изнесла телото на починатиот пејач Џеј Рамадановски, а соседите на Рамадановски во населбта Дорчол ги отвориле прозорците и на глас ја пуштиле неговата најпозната песна „Недела“.
Пред неговата зграда имаше и припадници на полицијата, кои вршеа истрага, форензичари, а потоа дојде и погребна компанија за да го преземе телото на легендарниот пејач.
Рамадановски починал во станот каде живеел со својата девојка, која ја контактирала брзата помош кога одеднаш му се слошило.