Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Внимание, ВМРО-ДПМНЕ во обид да ја манипулира академската заедница доцна навечер праќаат мејлови во кои шират лаги, дезинформации и лажни вести. Очаен и неуспешен ќе биде и овој обид на ВМРО-ДПМНЕ, откако доживеа дебакл и граѓаните ги отфрлија нивните лаги, откако во Студија на ЕУ Мицкоски влезе како извор на лажни вести.
Академската заедница многу добро знае да ги препознае лагите на ВМРО-ДПМНЕ.
Факт е дека за македонскиот идентитет и македонски јазик не се преговара, ниту ќе се преговара.
ВМРО-ДПМНЕ треба да запре со труењето на општеството. Нивните лаги и деструкции никому не носат добро. Со вакви постапки, Мицкоски ниту ќе го блокира напредокот, ниту пак ќе ја сочува фотелјата во белиот дворец. Затоа останува изолиран во сопствениот очај, во сопствената хистерија.