На 06.12.2020 во 11.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на потегот помеѓу Здуњска крстосница и наплатна рампа Гостивар, товарно возило -миксер, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(52) од Гостивар удрило во пешакот А.М.(31) од с.Долна Бањица, гостиварско.
Пешакот починал на место на незгодата.
Лекар констатирал смрт, а во тек е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.