Изјава за медиуми, Димитар Ковачевски
Чест ми е што денеска во Штип заедно со кандидатот за градоначалник Сашко Николов имам можност да разговарам со граѓаните, да ги слушнеме нивните потреби но и да разговараме за мерките и политиките важни за справување со последиците од коронакризата. Граѓаните на Штип знаат дека за нив изборите на 13 декември се важни избори и затоа нема сомнеж дека за една недела од сега масовно ќе излезат и ќе го поддржат Николов со кого Штип ќе остане во сигурни раце. Граѓаните знаат дека само со СДСМ може да се развива Штип, но и да се развива целата држава, економијата да продолжи да расте.
Во овие три години како партија предводник на Владата СДСМ направи многу како за граѓаните на Штип така и за граѓаните на целата држава.Концептот парите назад кај граѓаните го реализираме и во време на пандемија и светска економска криза. Следува финансиска помош од 6.000 денари за 283.000 наши сограѓани со што ќе ја зајакнеме нивната куповна моќ, но и ќе ја раздвижиме економијата со инјкеција од 27,6 милиони евра директно во стопанството.
Со оваа мерка правиме значаен исчекор во реализацијата на четвртиот пакет во вредност од 470 милиони евра. Со сите четири пакети антикризни мерки, кај граѓаните, во стопанството обезбедивме поддршка од над една милијарда евра. Со тие средства спасивме стотици илјади работни места и обезбедивме помош за десетици илјади компании. Ова почитувани значи патриотизам, занчи одговорност пред сопствените граѓаните. Така и ќе продолжиме, а така треба да продолжи и Штип. А тоа е можно само со Сашко Николов како градоначалник и затоа на 13 декември застанете зад Сашко заокружете број два, за да продолжи напредокот на Штип.