Куман во јануари сака да донесе централен бек и напаѓач

Тренерот на Барселона, Роналд Куман е убеден во потребата од засилување на составот во јануари, пренесува „Диарио Спорт”.

Холанѓанецот сака на „Камп ноу” да донесе централен дефанзивец и разновиден напаѓач способен да игра на различни позиции во офанзивниот ред.

Куман е уверен дека овие засилувања се неопходни, без оглед на финансиските проблеми на клубот.

Претходно, дефанзивецот Жерар Пике, крилото Усман Дембеле и уште неколку играчи на тимот се надвор од комбинација поради повреди.

Во летниот преоден рок Барселона се обиде да ги купи дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија и напаѓачот на Лион, Мемфис Депај.

Треба да знаете
Последни објави