Трипуновски: Tутунарите ги живеат најцрните денови

Во деновите кога тутунарите треба да бидат најсреќни и кога треба својата мака ќе ја наплатат тие во моментов ги живеат своите најтешки денови во последнава деценија.

Килограм тутун се откупува за 150 денари. Ова не е ниту доволно да ги покрие основните трошоци за тутунарите. За заработка воопшто и не станува збор. Од почетокот до сега тутунот се цени за една до две класи пониско. Тутунарите се понижени и обесправени, а нивната мака и труд потценети.

Исто така одбитоците по килограм тутун се од 8 проценти и повеќе, само за споредба претходните години одбитоците се движеа околу 5 проценти.

Почитувани ,

Се бара начин како тутунарот да се оштети, а власта преку смешните изјави на министерот за земјоделство стои на страна, гледа и ништо не превзема. И после овој прес ќе ме обвинат за собирање на политички поени. Но, какво е тоа собирање на политички поени кога јас речиси цела година алармирав, молев и предупредував до надлежните институции дека ова ќе се случи уште кога го сменија законот за тутун со кој се дозволи увоз на тутун во Република Македонија. Ова не е почитувани ниту политика, ниту политички интерес. Ова е вистинската грижа за земјоделците.

Последиците од тие измени на законот веќе ги гледаме по тоа што оваа година се склучени драстично помалку договори за откуп на тутун од лани. И согласно проценките 3 до 4 милиони килограми тутун ќе останат неоткупени, а со тоа штетите на тутунарите и државата ќе бидат огромни.

Почитувани,

Јас и ВМРО-ДПМНЕ застануваме во одбрана на тутунарите. Цела година апелирам власта да седне со откупувачите и да обезбеди сигурен пласман и високи откупни цени.

Напротив, власта не само што не седна, туку и го загрози домашното производство, со тоа што дозволи увоз на тутун уште пред домашното производство да биде откупено. Потребите на пазарот се заситија со поевтин тутун од увоз, а домашниот сега ќе скапува по таваните.

Со моменталните цени на тутунот не се уништува само тутунската индустрија во Македонија, која опстојува цел век и носи годишно милионски прилив во буџетот. Туку се уништуваат и наемните работници, трговците, занаетчиите и сите пропратни гранки кои се меѓусебно поврзани.

Токму затоа апелираме состојбата да се сфати максимално сериозно и веднаш да се пристапи кон изнаоѓање на реални решенија со што ќе се надмине оваа тешка ситуација на тутунарите кои што ја преживуваат во моментот.

Треба да знаете
Последни објави