Шефот на кабинет на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун изјави дека очекува вакцинацијата против Ковид-19 да почне во првите денови од новата година.
Браун, кој е лекар, истакна дека е подготвен да помогне во вакцинацијата за време на викендите.
Се очекува Европска Унија до 29 декември да донесе одлука за одобрување на првата вакцина за употреба. Во Германија се подготвуваат посебни центри за вакцинација.
Браун истакна дека канцеларката Меркел ќе се вакцинира „кога ќе дојде на ред”.
Германскиот Центар за контрола на болестите денеска соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 12.332 новозаболени лица и 147 смртни случаи.