Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 89 смртни случаи од Ковид-19 и 1.251 новозаразен, а 600 пациенти се приклучени на апарати, јави дописничката на МИА од Атина.
Од новите случаи, 203 е во Солун, 164 во Атина, а останатите се во 40 други делови на Грција.
На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу рече дека пандемијата има стабилен тек, се забележува намален прием на пациенти, но се задржува притисокот на здравствениот систем, особено во северниот дел на земјата.
Во земјата има вкупно 116.721 позитивен случај, а од почетокот на епидемијата починаа 3.092 лица.