За македонскиот јазик и идентитет нема преговори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со нивните лаги само го трујат општеството 

Меѓународно признаените креатори на лажни вести и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ со ниту една лага не можат да го спречат напредокот на државата и нејзината интеграција во ЕУ.

Колку и да лажат, спинуваат и дезинформираат, граѓаните знаат дека македонски јазик и македонски идентитет се сигурни со Зоран Заев.

Во НАТО влеговме како Македонци и во ЕУ ќе влеземе како Македонци. Лажговците од  ДПМНЕ се прочитани. За македонскиот идентитет и јазик нема и нема да има преговарање.

ВМРО-ДПМНЕ треба да запре со труењето на општеството. Нивните лаги и деструкции никому не носат добро. Со ваквите очајни постапки, Мицкоски нема да го блокира напредокот.

Треба да знаете
Последни објави