Клоп се надева дека Вајналдум ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека играчот за врска Џорџињо Вајналдум ќе го продолжи договорот со клубот, објави „Goal.com”.

– Уверен сум дека Вајналдум ќе потпише нов договор. Сега имаме многу добар тим и Холанѓанецот игра важна улога, истакна Клоп по синоќашната победа над Вулверхемптон со 4:0.

Договорот на 30-годишниот Холанѓанец со „Мерсисајдовите” истекува следното лето.

Вајналдум оваа сезона одигра 11 натпревари и постигна еден гол. 

Треба да знаете
Последни објави