Радев: Бугарија треба категорично да ги брани своите права

Бугарскиот претседател Румен Радев, во однос на спорот меѓу Скопје и Софија, денеска порача дека треба да се почека да се смират емоциите и да се има трпеливост и здрав разум, и уште еднаш ги повтори ставовите дека Северна Македонија треба да влезе во ЕУ, но без говор на омраза и признавање на историската вистина. Тој смета дека Бугарија мора да ги брани овие права.

-Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да станат членови на ЕУ, но тоа мора да биде со искоренување на антибугарската реторика, говорот на омраза и објективното признавање на историската вистина, што мора да стане неповратен процес и тука Бугарија треба категорично да ги брани своите права“,изјави Радев, пренесува БГНЕС.

Тој потсетува дека зборувал и за Договорот за добрососедство од 2017 и нагласил дека една година по потпишувањето барал да се потпише анекс бидејќи немало напредок. Пред една година, пак, тој потсети дека свикал и состанок.

-Пред една година, свикав итен состанок со владини претставници на кој инсистирав да има национална рамковна позиција која јасно ќе ги утврди нашите услови и црвени линии. Продолжувам да се залагам за тоа, одговорил Радев на прашањето дали Бугарија треба да остане на ставот и да отстапи.

Треба да знаете
Последни објави