Кајл Вокер-Питерс во 79. минута беше срушен на работ на казнениот простор, по што судијата по консултација со ВАР-собата покажа пенал, кој во гол го претвори Ингс, доволно за три бода. Претходно, домаќините дојдоа до предност во 26. минута, благодарение на пенал кој го реализира Грос, а изедначи Вестергард пред самиот крај на првиот дел, кога доби топка од Вард-Праус и го матира Рајан.