Во натпреварот од 11-тото коло на англискиот фудбалски шампионат, Арсенал загуби од Тотенхем со 2:0. Избраниците на Микел Артета го бележат најлошиот резултат на клубот во последните 39 години, освојувајќи 13 бода на 11 натпревари од почетокот на Премиер лигата.
Според сегашниот пласман, лондонскиот клуб тешко да обезбеди пласман и во Лигата на Европа, а не пак во Лигата на шампионите што беше амбиција пред почетокот на сезоната.
Последен пат „топчиите” покажаа ваков резултат во сезоната 1981/82. Тогаш тимот постигна 12 бода на 11 кола, но на крајот завршија на 5. место.
Во моментов Арсенал се наоѓа на 15. место во поредокот во Премиер лигата.