Месечна плата од 500.000 евра, плус дополнителни бонуси, ќе добие Марио Балотели за трансферот во Монца чија реализација е само „прашање на часови”, јавија вечерва италијанските медиуми.
Поранешниот италијански репрезентативец треба да стави потпис на краткорочен договор со второлигашот во сопственост на поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони до крајот на јуни 2021 година.
„Скај спорт Италија” јави дека менаџерот на Балотели, Мино Рајола, се откажал од своја страна од провизија за реализација на трансферот.
Балотели, кој има 36 настапи во италијанскиот дрес и 14 голови, минатата сезона ја мина во Бреша, а во кариерата играше и за Интер, Милан, Манчестер сити и Ливерпул.