Владата ја измени одлуката за годинашното максимално нето-задолжување преку ДХВ

Владата на денешанта седница донесе одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето – задолжување преку издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година, согласно која максималниот износ на нето – задолжување преку издавање државни хартии од вредност во 2020 година изнесува 21.525.000.000 денари.

Како што соопшти владината прес-служба одлуката е согласно изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020.

Овие средства, како што стои во соопштението, ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2020 година, како и за делумно финансирање на 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави