Вооружен грабеж во трговски центар во Косово

Во градот Подуево, во Косово, изутринава се случил вооружен грабеж во трговскиот центар „Интерекс“, а според очевидци се слушнал и истрел од огнено оружје. Грабежот се случил по отворањето на трговскиот центар, а напаѓачите одзеле голема сума пари од вработените.

Работниците требало да ги уплатат парите во банка, пренесува Коха.

Портпаролот на косовската полиција за регионот на Подуево, Агрон Боровци, го потврдил случајот соопштувајќи дека истрагата е во тек.

-Полицијата изврши увид на местото на настанот при што пронајде една чаура од куршум. Истрагата за идентификување на осомничениот и разјаснување на случајот е во тек, изјавил Боровци за „Косова прес“.

Треба да знаете
Последни објави