Во Словенија 480 нови случаи на коронавирус, 52 лица починаа

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 480 нови случаи на коронавирус од 1.751 тест, а 52 лица починаа, објави словенечката влада наведувајќи дека постојните мерки остануваат во сила.

Поради помалиот дневен обем на тестирање во неделата, бројот на потврдени случаи е значително помал од претходниот ден, но учеството на позитивните резултати е сè уште високо – 27,4 проценти, нешто пониско во споредба со 27,5 проценти претходниот ден.

Во болниците има 1.301 пациент, од кои 196 се на интензивна нега.

Вкупниот број на починати од ефектите на Ковид-19 во Словенија се зголеми на 1.795.

Министерот за здравство, Томаз Гантар, ги повика граѓаните доследно да ги почитуваат сите мерки во наредните недели, вклучително и за време на претстојните божикни и новогодишни празници и да избегнуваат ризични контакти и собири.

Треба да знаете
Последни објави