Голем дел од Калифорнија оди „под клуч“, 80 милиони луѓе ќе останат дома за Божиќ

Голем дел од американската држава Калифорнија влегува во нова строга блокада. Во околу 85% од оваа држава, на луѓето им е кажано да останат дома во следните три недели, што значи дека оваа одредба ќе важи и за Божиќните празници.

На многу компании им е забрането да работат, а на луѓето исто така им е забрането да се среќаваат со некој надвор од нивното домаќинство, пренесува Би-би-си.

Рекорден број на пациенти хоспитализрани поради Ковид-19 беше пријавен во САД во неделата.

Последните недели има нагло зголемување на бројот на новозаразени, но и на смртните случаи. Порастот е поврзан со неодамнешниот Ден на благодарноста, што предизвика милиони Американци да патуваат за да го поминат празникот со своите семејства.

Новите строги мерки за заклучување во Калифорнија се воведени поради сè помлиот број на места во одделенијата за интензивна нега, но и во болниците.

Ограничувањата стапија во сила на полноќ од недела кон понеделник.

Новиот локдаун ќе биде многу сличен на пролетниот, која беше воведен во март, но со неколку важни разлики:

– Сите продавници за малопродажба ќе можат да останат отворени, но со само 20% од капацитетот, исто како и сите паркови и плажи;
– Јавните собири се забранети и од луѓето се бара да останат дома и да го минимизираат контактот со други домаќинства
– Кафулињата, фризерските салони и рестораните без тераси се затворени
– Заклучувањето ќе трае најмалку три недели или додека капацитетот на одделенијата за интензивна нега не се врати над 15%.

Треба да знаете
Последни објави