Данска затвора делови од земјата поради зголемен број на заразени со коронавирус

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, денеска соопшти дека ќе бидат спроведени дополнителни мерки за „заклучување” во делови од земјата со цел да се запре неодамнешното зголемување на бројот на заразени од коронавирус.

Баровите, рестораните, музеите и кино салите ќе треба да ги затворат вратите на 9 декември во 38 општини, вклучувајќи го и Копенхаген, додека учениците од повисоките класови во основните училишта, како и оние од средните училишта и универзитетите ќе бидат испратени во нивните домови.

Новите ограничувачки мерки ќе бидат во сила до 3 јануари.

Треба да знаете
Последни објави