За шест месеци поднесени 120 барања за бесплатна правна помош до Министерството за правда

Согласно Законот за бесплатна правна помош во првите шест месеци од годинава до Министерството за правда биле доставени вкупно 120 барања за секундарна правна помош, а биле исплатени и над 709 илјади денари како награда на 26 адвокати и 34 125 денари на три овластени здруженија, информираат од проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”

Бесплатната правна помош е право на лицата кои се во тешка материјална положба да имаат пристап до правна помош и да бидат ослободени од плаќање на трошоци за водење на одредени постапки.

До Министреството за правда во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2020 година, доставени се вкупно 120 барања за секундарна правна помош, од кои 71  барање се одобрени, 29  барања се одбиени, 13 барања во постапка, пет барања се запрени и две се повлечени.

– Во истиот период исплатени се средства како награда на 26 адвокати сума од 709.065,00 денари, како и исплатен е надоместок на 3 овластени здруженија, сума во износ од 34.125,00 денари, стои во соопштението.

Бесплатната правна помош се остварува како примарна и секундарна правна помош.

– Примарната  правна помош опфаќа правно информирање, советување, помош при пополнување на формулари и претставки и се обезбедува од страна на овластени службени лица на Министерството за правда, овластени здруженија и правни клиники. Во Регистарот кој се води при Министерство за правда регистрирани се 13 oвластени здруженија за давање примарна правна помош. Исто така, со започнување на примена на новиот закон за бесплатна правна помош им се даде прилика и на правните клиники, и тие да учествуваат при обезбедување на примарна правна помош, а регистрирани се шест правни клиники од Правните факултети и универзитети во РСМ, се вели во соопштението.

Проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022″, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа, чијашто цел е да им се помогне на земјите-кориснички од Југоисточна Европа да ги достигнат европските стандарди и Акито на Европската унија, во рамките на процесот на проширување.

Треба да знаете
Последни објави