Над еден милион нови автомобили се продаваат во земјите на Балканскиот Полуостров, но дали знаете во кои земји најмногу, aнализира „24Ауто.мк“.
Земајќи ги во предвид сите Балкански земји, вклучувајќи ги тука и Турција и Романија, најмногу нови автомобили на годишно ниво се продаваат токму во овие земји.
Според последните официјални податоци, во Турција минатата година се продадени 479.062 нови автомобили, што е убедливо најмногу во споредба со било која останата земја.
Во Романија се продадени 161.562 нови автомобили со што оваа земја е втора на листата, пред Грција, каде се продадени 114.110 нови автомобили, односно Словенија со продадени 73.211.
Во Хрватска се продадени 62.975 автомобили, следи Бугарија со 35.371 и Србија со 28.650 автомобили.
Во Македонија се продадени 4.250 нови автомобили што е помалку од Босна и Херцеговина каде се продадени 12.300, но е повеќе од Албанија, Косово и Црна Гора.