Кралицата меѓу првите што ќе примат вакцина против Ковид-19, тврдат британски таблоиди

Нема да има прескокнување на редот, но кралицата Елизабета Втора, наводно, ќе биде меѓу првите што ќе бидат вакцинирани како дел од меката кампања за да ги охрабри другите да го следат примерот, објавија денес британски таблоиди.

Според „Сандеј тајмс“, кралицата и војводата од Единбург се очекува да бидат меѓу првите кои ќе примат вакцина против коронавирус. Весникот цитира извори блиски до кралското семејство, кои, наводно, рекле дека тоа е нејзина лична одлука, но се смета дека монархот сака да даде до знаење дека ја примила вакцината.

Јавната поддршка на кралицата ќе се смета за моќно спротивставување на движењето против вакцинација.

Извор кој зборувал за „Телеграф“ истакнал дека кралицата нема да оди преку ред  и дека нејзината одлука е приватна работа бидејќи се работи за нејзино здравје.

Кралицата (94) и принцот Филип (99), кои се изолираа во замокот Виндзор во поголемиот дел од годината, и потврдија минатата недела дека ќе го поминат Божиќ таму, ќе добијат вакцина во согласност со одлуката на владата. Вакциниарњето во Велика Британија започнува во вторник на 8 декември.

Треба да знаете
Последни објави