Поранешната вардарова ракометарка, српската интеранционалка Андреа Лекиќ (33 г.) нема намера да ја заврши својата кариерата по тешката повреда која ја здоби на стартот од ЕП кое се одржува во Данска. По повредата на тетивата и направената хирушка интервенција Лекиќ ќе има период на еахабилитација од шест до двет месеци. Среќна околност е што тетивата и се скинала во горниот дел, а не на долниот што е поврзан со скочниот зглоб. Лекиќ е оптимист дека ќе се врати на паркетот на стартот од следната сезона.
-Ви благодарам на поддршката и на убавите желби. Се гледаме следната сезона, напиша Лекиќ под фотографијата од болницата по натправената хируршка интервенција објавена на социјалните мрежи.