Метју Пери започнува линија на облека со тема од хит-серијата „Пријатели“ за да придонесе во напорите за ублажување на последиците од коронавирусот.
51-годишниот актер, кој го играше Чендлер Бинг во долгогодишната ТВ- комедија, објави преку Инстаграм дека создава линија облека со лимитирано издание базирана на хит-серијата.
Покрај фотографијата на која е облечен во маица со тема „Пријатели“, Метју напиша: „Што е ова, маица во лимитирано издание за добротворни цели? Ќе трае само две недели ! Приходите ќе го поддржат напорите на Светската здравствена организација за помош при справување со Ковид-19. Линк до био. бананата не е вклучен. ”
Објавата доаѓа неколку недели по соопштението дека долгоочекуваната специјална епизода на „Пријатели“ е презакажана за март 2021 година.