Одермат прв низ целта на машкиот велеслалом во Санта Катерина

Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи на денешниот велеслалом, кој во рамки на Светскиот куп се возеше во италиајнскиот зимски центар Санта Катерина.

До првата велеслаломска победа за Швајцарија по пауза од девет години, Одермат стигна со време од 2:08:42 минути, минувајќи прв низ целта со предност од 0.73 стотинки пред второпласираниот Американец, Томи Форд.

По триумфот на велеслаломот во саботата, Хрватот Филип Зубчиќ денеска го освои третото место, благодарение на уште едно извонредно возење во втората трка во која влезе како 21. пласиран.

Следна трка на програмата на Светскиот куп во машка конкуренција е спустот, в сабота во Вал Д”Изер.

Треба да знаете
Последни објави