Тутунскиот комбинат – Прилеп реално го проценува тутунот, тврди генералниот директор, Кире Станкоски. За околу две недели, од почетокот на откупот, преземени се скоро 80 тони тутун, а просечната цена е 171,22 денара, додека на ниво на државата изнесува 165 денари за килограм.
Годинава квалитетот е нешто послаб, вли Станкоски, но допрва се очекуваат повисоките, квалитетни берби.
-Тутунарите знаат дека годинава е послаб квалитетот на тутунот. Пролетта беше лоша кога се расадуваше тутунот, потоа сушен летен период, а во август врнежи кога тутунот прерасна. Сето тоа доведе до послаб квалитет од лани. Она што во Коминатот доаѓа, реално се цени и маката на тутунопроизводителите реално се проценува. И, што е најбитно, ние инсистираме еден ден по откупот да се исплати тутунот. Инаку, од почетокот на откупот, Комбинатот има откупено околу 80 тони со просечна цена од 171,22 денари, а до петокот на ниво на држава просечната цена е 165 денари за килограм. Денеска има прилив на квалитетен тутун и просечната цена е 193, 33 денари за килограм, изјави Станкоски.
Според него, не е точно дека тутунот се откупува по 120 до 130 денари за килограм.
-Гарантирам, досега во прилепскиот Тутунски комбинат реално се цени тутунот. Главно, досега се носеа долните и средните берби и очекуваме, дополнително, квалитетен тутун за откуп. Се надевам дека доколку се остават тутунарите да го подготват тутунот за откуп, сега врменските прилики погодуваат, ќе добиеме и повисока просечна откупна цена и на крајот на откупот сите ќе бидеме задоволни, велчи Станкоски.
Неспорно е, додаде диреторот, дека тутунарите имаат право – доколку има нереална процена, да го стопираат откупот, а нивните повереници да пријават до второстепената комисија.
– Тоа е нивно право, но според податоците, досега никој официјано не оспорил откуп до второстепената комисија, рече Станкоски.
Оцени и дека ако цената е 120 до 130 денари, револтот е оправдан.
– Сегашниот прилив на тутун, бројките за откуп и квалитетот кој пристигнува, налага да констатираме дека просечната цена ќе биде поголема од досегашните 171 или 172 денара, истакна Станкоски.