Кон крајот на 1960-тите, еден италијански инженер изградил свој остров во Јадранското море, на кој имало ресторан, бар, продавница за сувенири, па дури и пошта. Тоа е несекојдневна приказна која со децении не се раскажува.
Но, ова ќе се промени со објавувањето на Rose Island , нов филм на „Нетфликс“ кој ја следи вистинската приказна за Џорџо Роса и неговата битка со италијанските власти изградената структура да биде призната како независна држава.
Приказната веројатно поминала покрај многумина незабележана, освен за оние кои живеат во северниот италијански град Римини, покрај брегот каде Роса ја изградил својата утописка микро-држава.
„Тоа е приказна која што бабите и дедовците во Римини им ја кажуваат на своите деца и внуци“, објаснува продуцентот на филмот Матео Ровере. “Тоа е многу позната приказна, но само во Римини. Мислевме дека тоа е неверојатна сторија и многу е чудно што не сме ја знаеле”.
Пред неговата смрт во 2017 година на 92-годишна возраст, Роса се состана со креаторите на филмови, и, по малку убедување од нивна страна, им даде благослов да ја адаптираат приказната за на екран. Филмот ја прикажува изградбата на островот и одбивањето на Роса да попушти пред барањата на италијанската влада тој да биде демонтиран.