Денес во Општина Бутел се одржа манифестацијата Чествувањето за Никола Јонков Вапцаров, по повод 111 годишнината од неговото раѓање. Градоначалникот Велимир Смилевски положи свежо цвеќе пред споменикот на поетот и револуционер ,Никола Јонков Вапцаров.Исто така со свежо цвеќе почит му оддадоа и претставници од кабинетот на градоначалникот,Одделението за јавни дејности заедно со директорите на основните училишта.
По овој повод градоначалникот Смилевски истакна дека е горд што личност како Никола Јонков Вапцаров е патрон на општината, чиј лик и дело треба да го чествуваме и никогаш да не го заборавиме , со желба до сите да се чуваат и оваа да биде последна година под посебни протоколи. На манифестацијата присуствуваа и учествуваа учениците од ООУ ,,Живко Брајковски” а настанот беше збогатен со настапот на групата на виолиниската Пламенка Трајковска. Настанот се одвиваше со почитување на мерките за заштита и спречување на ширење на корона вирусот.