(Фото) Синчето на Новак Ѓоковиќ неуморно навиваше за својот татко на Ролан Гарос

Јелена Ѓоковиќ објави фотка од синот Стефан кој за првпат го следи мечот на неговиот татко во живо, а Новак изјави дека тоа е посебен ден за него, бидејќи играл пред неговиот син.

Победите не се ништо ново за Ѓоковиќ, но она што беше поразлично на последниот меч од вообичаено, е присуството на неговиот син Стефан кој го бодреше.

„За мене ова е многу посебен ден бидејќи за првпат во животот играм пред мојот син. Тој покажа неверојатно трпение и издржа час и половина. Вообичаено, не е толку трпелив со тенисот.“ – изјави Новак.

sincheto-na-novak-gjokovikj-prvpat-go-gledashe-negoviot-tatko-vo-zhivo-na-rolan-garos-foto-02.jpg

sincheto-na-novak-gjokovikj-prvpat-go-gledashe-negoviot-tatko-vo-zhivo-na-rolan-garos-foto-03.jpg

Неговата сопруга, Јелена, на нејзиниот Инстаграм профил објави фотка од синот и напиша: „Денес за првпат го гледаше неговиот татко во живо“…

Инаку, малечкиот Стефан претходно присуствувал на неколку мечови, но не успевал да издржи до крај, па затоа сите се изненадени и среќни што навивал за својот татко до самиот крај.

Преземено од Црнобело

Треба да знаете
Последни објави