Што е никотин, а што катран?

Никотинот е природна состојка, додека катранот е производ кој се создава при согорувањето на тутунот. Никотинот е алкалоид пронајден во растението тутун и претставува 0.6–3.0% од сувата маса на тутунот, а катранот е рецидив од процесот на согорување, што заедно со јаглерод моноксид е докажано штетно за здравјето. Главен причинител за болестите поврзани со пушењето всушност е чадот од цигарите и неговиот главен продукт – катранот, и тоа е научно потврдено, додека никотинот е тој кој ја создава зависноста. Оттаму, суштинска е разликата меѓу никотинот и катранот, но и покрај тоа многу често заедно се поврзуваат со штетноста од пушењето, што е неточно и потврдено со бројни истражувања. Никотинот е ја создава зависноста, но бројни истражувања како на пример тоа на Fagestrom и Bridgman од 2014 година објавено во списанието ,,Addictive Behaviour” препознаваат дека никотинот не е примарен причинител за болестите поврзани со пушењето. Примарниот причинител произлегува од процесот на согорување на тутунот при што се ослободува чад и бројни други канцерогени состојки кои се опасни по здравјето. Никотинот е природната состојка која се наоѓа во тутунот, а научно е докажано дека пушачите пушат заради никотинот, но се разболуваат од катранот. Оваа природна состојка е познат парасимпатомиметик, или како што се нарекуваат лековите или супстанците кои делуваат преку стимулација на парасимпатичкиот нервен систем. Оваа карактеристика на тутунот е позната уште пред стотици години, од кога што и потекнува и започнува човекот да го користи тутунот во каква било форма дури и за лек. Никотинот кај пушачите истовремено создава чувство на опуштеност, острина и концентрација, со општо смирувачко дејство на нервниот систем, но тоа не значи дека се препорачува негова консумација преку тутунот, туку со препорака на стручни медицински лица во форма која тие би ја предложиле, затоа што секако не е без ризик.

Според Американскиот национален институт за рак, чадот од тутун содржи 7537 хемикалии. Мнозинството се наоѓа во катранот што е производ од согорувањето на тутунот односно при пушењето, што понатаму се пренесува од белите дробови преку крвта до другите делови на телото. При масовната навика на пушење цигари, каде тутунот се гори на температура од околу 800 до 900 степени целзиусови, се ослободува густ чад во кој се наоѓа изобилство штетни состојки како за пушачот, така и за неговата околина. Луѓето вообичаено пушат заради потребата од никотин, а последиците по здравјето ги предизвикува катранот. Катранот ги опфаќа штетните, токсични хемиски честички кои се создаваат при согорувањето на тутунот. Оваа супстанца формира леплив кафеав или жолт остаток. Катранот е одговорен за најголемите ризици по здравјето, вклучително и многу видови рак. Високо токсичен и ги оштетува белите дробови на пушачот преку разни биохемиски и механички процеси. Ја напаѓа устата, ги оштетува забите, непцата како и сетилата за вкус. Катранот вклучува поголем дел од мутагени и канцерогени агенси во чадот од тутун. Со пушење една кутија цигари дневно, на годишно ниво во белите дробови се внесува околу една помала чаша катран. Катранот е присутен во секој тутунски производ што се гори. Нивото на катран се зголемува со согорувањето на цигарата. Последните вдишувања од цигарата може да содржат двојно поголема количина катран од првите, почетните. Катранот од чадот од цигари ги парализира малите честички во вид на влакна (цилиите) во белите дробови и придонесува за белодробни заболувања, како што се емфизем, хроничен бронхитис и рак на белите дробови. Токму заради овие истакнати разлики, иновациите во тутунската индустрија се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без притоа да се создаде катранот, односно како да се избегне процесот на согорување и со тоа не доаѓа до создавање чад и сите штетни состојки.

 

Треба да знаете
Последни објави