Закаженото денешно рочиште за случајот „Титаник” се одложи за 16 декември. Причината за неодржувањето на ова рочиште беше претходно закажено судење за предметот „ТНТ” кој го води истиот судија Осман Шабани, како и тоа што во двата предмети обвинет е Миле Јанакиевски.
Овој судски предмет иако преставува едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, се уште е во фаза на доказна постапка.
Обвинението за „Титаник” го застапенува обвинителката Лиле Стефанова.
Меѓу обвинетите за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела се и поранешната министерка Гордана Јанкуловска и поранешниот пратеникот Илија Димовски. Воедно, во отсуство му се суди и на Никола Груевски, кој мометално има статус на азилант во Унгарија.