Двајца напаѓачи на англискиот Манчестер јунајтед ќе го пропуштат решавачкиот натпревар со бундеслигашот Лајпциг во рамките на 6. коло од групната фаза во фудбалската Лига на шампионите.
Единсон Кавани и Ентони Марсијал нема да одат во Лајпциг. Тие имаат „полесни повреди”, според главниот тренер на тимот, Оле-Гунар Солскјер.
Да потсетиме дека средбата е закажана за в среда. Лајпциг и Манчестер јунајтед имаат по 9 бода, исто како и ПСЖ, кој се среќава со Башакшехир од Истанбул.