Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден (72) го номинираше калифорнискиот адвокат Ксавиер Бекер за министер за здравство, објави „Њујорк тајмс”, повикувајќи се на свои извори.
Британските медиуми известуваат дека Бекер, кој е и поранешен конгресмен, ќе го преземе здравствениот сектор, што се бори со зголемувањето на бројот на лица кои се зафатени од коронавирусот, како и на бројот на смртни случаи, што само во последните неколку дена надмина 2.000.
Изборот на Бекер, кој има латиноамериканско потекло и беше потенцијален кандидат и за други позиции, вклучувајќи ја и функцијата државен обвинител, следеше по притисокот врз Бајден да внесе поголема етничка разноликост во неговиот кабинет, наведуваат британските медиуми.
Меѓу тие притисоци беше и поплаката од Конгресниот латино кокус за недостаток на Латиноамериканци во федералната извршна власт, додаваат британските медиуми.