Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Регионалиот совет за соработка (РСС), побара денеска ЕУ да не заборава дека секаква регионална соработка има крајна цел интеграција во ЕУ.
-Економската интеграција во која не се води сметка за економската, политичката и општествената реалност е рецепт за неуспех, рече Брегу.
Таа, како што соопшти РСС, на денешниот самит на ЕУ-Западен Балкан, истакна дека почетните чекори како што е подлабока интеграција меѓу нас, самите не можат да успеат без истовремени натамошни чекори на интеграција на нашите пазари во европсиот пазар. -Само на овој начин целите можат да бидат поголеми, а процесот да се смета поуспешен”, рече Брегу.
Според неа регионалната соработка и регионалната интеграција се две страни на истиот медеал. -Интеграцијата на пазарот е можеби повеќе дел од процесот на европската интеграција. Регионалната соработка, меѓутоа, не е само интеграција на пазарот. Тоа е политички процес. Затоа, Акцискиот план за заеднички регионалнен пазар што го потпишаа лидерите на сите шест економии од Западен Балкан минатиот месец во Софија е добар план, рече Брегу на самитот кој продолжува и утре, соопшти РСС.