Од како постои магазинот „Тајм“, околу 100 години, за првпат оваа година прогласи „дете на годината“. Избрана е 15-годишната Гитанџали Рао, научник и иноватор од државата Колорадо во САД.
Како што наведува магазинот, таа е „Дете на годината“, која имала најголемо влијание на светот во 2020 година. „Тајм“ овој избор го направил во конкуренција од 5.000 млади Американци, од 8 до 16 години.
Во најтесниот избор влегле пет деца, кои се нашле во магазинот со своите приказни. Преку апликацијата Зум, Гитанџали Рао направила интервју со познатата холивудска актерка Анџелина Џоли.
Meet TIME's first-ever Kid of the Year https://t.co/o9Q5D0oUTH pic.twitter.com/BKTwPyx0R0
— TIME (@TIME) December 6, 2020
Рао има само 15 години, промовира користење технологија за решавање на проблемите, почнувајќи од загадената вода за пиење, до зависностите од опојни дроги и малтретирањето на интернет. Нејзините идеи поттикнуваат создавање на глобална заедница на млади иноватори за решавање на проблемите ширум светот.
„ Не се обидувајте да го решите секој проблем, фокусирајте се на оној кој најмногу ве интересира. Кога бев трето одделение почнав да размислувам за тоа како можеме да ја користиме науката и технологијата за создавање социјални промени“ истакна Рао.
Таа додала дека имала само 10 години кога на родителите им соопштила дека сака да ја истражува технологијата на јаглерод дикосидот и неговите соединенија во истражувачка лабораторија за квалитет на водата во Денвер.
Ова не е првпат малолетно лице да добие простор во магазинот „Тајм“. Минатата година тоа беше 17-годишната Грета Тунберг, активистка за климатски промени од Шведска.