ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од во периодот од 30.11.2020 до 04.12.2020 зема 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во Град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).