Во Србија евидентирани 6.557 новозаразени и 55 починати лица од коронавирусот

Според последните податоци, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 6.557 нови случаи на коронавирус, а 56 лица починалe. Досега од вирусот се заразиле вкупно 226.209 лица, а регистрирани се 2.005 смртни случаи.

Во моментот има 8.209 пациенти во болница, од кои 283 се на апарати за дишење.

Во последните 24 часа биле тестирани 15.697 лица, а од март вкупно 1.915.643 лица.

Eпидемиологот и член на кризниот штаб, д-р Предраг Кон, рече дека издржливоста на системот е на граница.

Треба да знаете
Последни објави